Рој Кин збесна и објасни како му личи да биде на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ загуби со 2:4 од најголемиот ривал Ливерпул, пораз кој посебно го погоди некогашниот капитен на Црвените ѓаволи, Рој Кин. За Манчестер ова беше втор пораз само во четири дена на свој терен затоа што загуби и од Лестер со 1:2 во вторникот.

Кин вели дека челниците на клубот мора добро да размислат за тоа да купат засилувања за следната сезона бидејќи местото на Манчестер му е на врвот.

„Лут сум. Гледам некои навивачи на Манчестер кои се задоволни од тоа што се случува. Тие велат дека е добро што сме втори, може да ја освоиме Лигата на Европа и тоа би било успешна сезона за нив. Јас воопшто не се согласувам со тоа. Мора клубот да се крене на повисоко ниво. Цела сезона повторувам како се потребни квалитетни засилувања ако сакаме клубот да атакува на трофеи. Ќе мора многу да поработат ако сакаат следната сезона да бидат конкурентни на Сити“, рече Кин, кој 12 сезони го носеше дресот на Манчестер јунајтед и се радуваше на седум шампионски титули во Премиер лигата, а имаше медали и од ФА купот, Комјунити шилд трофејот, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести