Ролан Гарос: Осака со пресврт над Азаренка до третото коло

Наоми Осака се пласираше во третото коло на Ролан Гарос по пресвртот од 2-1 во сетови (4-6, 7-5, 6-3) над Викторија Азаренка. Најдобрата светска тенисерка во моментов имаше катастрофален старт на средбата откако загуби два гема на свои сервиси и воедно ѝ овозможи на Чехинката да дојде до предност од 4-0 по која поведе со 1-0 во сетови.

Сосема различно издание покажа Осака во вториот сет, кој се играше речиси 80 минути. Иако Азаренка поведе со 4-2 при нов нејзин брејк, Осака возврати со иста мера, па со четвртата сет-топка дојде до 1-1 по новиот направен брејк. Клучниот удар Осака го зададе на крајот. Два украдени сервиси и експресното водство од 5-1 ја доведе во пол-позиција да слави победа,  а тоа го направи откако ја искористи третата меч-топка.

Во следното коло Осака ќе се соочи со Катерина Синаникова, која претходно ја совлада Марија Сакари со 2-1 во сетови (7-6, 6-7, 6-3).

Резултати второ коло Ролан Гарос, жени:

Е. Александрова – С. Сторус 2-1 (3-6, 6-1, 6-4)

А. Болсова Задоинов – С. Кирстеа 2-0 (7-6, 7-6)

А. Сабаленка – А. Анисимова 0-2 (4-6, 2-6)

К. Синаникова – М. Сакари 2-1 (7-6, 6-7, 6-3)

И. Свјатек – К. Ванг 2-0 (6-3, 6-0)

Д. Колинс – А Барти 0-2 (5-7, 1-6)

 

- Оглас -

Најнови вести