Рома го носи Ѕапакоста на позајмица

Рома е на прагот да ги осигура услугите на бекот на Челзи, Давиде Ѕапакоста. Римската волчица цело лето беше во потрага по десен бек, а го најде во Лондон. Ѕапакоста оваа сезона ќе биде позајмен на клубот од Рим, а потоа ќе се преговара околу целосен откуп на неговиот договор.

Италијанецот кој пред две сезони пристигна на „Стемфорд бриџ“ од редовите на Торино за сума од 30 милиони евра, не успеа да се наметне во првиот состав кај поранешните тренери Конте и Сари, но и кај сегашниот предводник на Сините, Френк Лампард, така што логично беше да бара нов клуб.

Откако Рома ќе го официјализира ангажманот, се очекува да го пушти Рик Карсдорп назад во Феенорд, исто така на едногодишна позајмица.

- Оглас -

Најнови вести