Рома го претстави експертот за меѓународните купови

Педро Родригес е првото засилување на новата гарнитура раководници на Рома. Искусниот офанзивец како слободен играч потпиша тригодишен договор со Римската волчица, со кој ќе се задржи на „Олимпико“ најмалку до јуни 2023 година.

По пет години во Челзи, експертот за европските купови, но и за меѓународните првенства, ќе се проба во Серија А откако со голем успех играше во родната Шпанија и на Островот.

„Среќен сум што ќе играм за голем клуб како што е Рома, но воедно и возбуден за новите предизвици кои ми престојат. Се надевам дека наскоро ќе се запознаам со навивачите, па заедно да ги оствариме целите за претстојната сезона“, истакна Педро.

Ексфудбалерот на Барселона може да се пофали со 23 освоени трофеи во кариерата, меѓу кои се титулите во ЛШ, ЛЕ, Светско и Европско првенство, Светско клупско првенство и континенталниот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести