Рома и Лацио од следната недела ги отвораат тренинг-центрите

Рома и Лацио добија дозвола да ги отворат своите тренинг-центри и да се вратат на обврските, а играчите на двете екипи ќе може да тренираат индивидуално. Членовите на Римската волчица од следната недела ќе се вратат на тренинзи, но прво ќе мора да поминат низ протоколот и да ги извршат потребните тестови за да добијат зелено светло.

Сасуоло го скрши мразот и прв го отвори тренинг-центарот за своите играчи, проследија Парма и Болоња, а фактот што Рома и Лацио ќе го сторат истото е важно за фудбалот и воопшто за спортот во Италија.

Вчера во Италија се забележа најмал број на смртни случаи од корона-вирусот за првпат од 14 март, само 194 лица ја загубија животната битка.

- Оглас -

Најнови вести