Рома имаше адут повеќе во трката со Интер за Барела

Рома го претрка Интер во големата битка за ангажман на италијанскиот репрезентативец Николо Барела и како што пишуваат тамошните медиуми веќе се договори со одличниот играч од средниот ред на Калјари.

Римската волчица понуди 35 милиони евра и во целиот договор го вклучи и Грегори Дефрел, кој се сели во Калјари.

Барела сакаше да се пресели во Интер, но Калјари имаше превисоки барања од 50 милиони евра како отштета за италијанскито репрезентативец.

Дефрел сезонава играше како позајмен играч за Сампдорија, а сега веројатно повторно ќе ја менува средината и ќе игра на Сардинија за Калјари.

- Оглас -

Најнови вести