Рома ја активирала клаузата за откуп на напаѓачот Дониел Мален, кој доаѓа од Астон Вила, пренесуваат италијанските медиуми.
Клубот од Рим ќе исплати 25 милиони евра за 27-годишниот Холанѓанец, а клаузата била автоматски активирана откако Рома обезбедила настап во европските натпреварувања. Тоа станало официјално по победата на Интер во Купот на Италија.
Мален пристигна во Рома како позајмен играч во јануари, а во досегашниот дел од сезоната во Серија А одигра 16 натпревари, постигнувајќи 13 голови и две асистенции.
Рома моментално се наоѓа на петтото место на табелата по 36 одиграни кола, а во последните две рунди ќе се бори за влез во топ 4 и пласман во Лигата на шампионите.
Холандскиот репрезентативец претходно настапуваше за Борусија Дортмунд и ПСВ Ајндховен, а дел од младинските категории ги помина во Арсенал и Ајакс.

