Рома немаше мака со Парма, си закажа дуел со Јувентус во купот

Рома лесно се справи со Парма на „Енио Тардини“ и со победа од 2:0 си закажа четвртфинален дерби дуел со Јувентус во италијанскиот куп.

Лоренцо Пелегрини со два гола и донесе на римската волчица пласман понатаму, но и можност во нов дуел во кус рок да му се реваншираат на Јувентус за поразот во Серија А, минатиот викенд.

Тогаш Рома загуби со 1:2, но и ја има последната победа против Јувентус кога двата тима играле меѓусебе во националниот куп на Италија.

Во 2014 година римјаните славеа со 1:0 во истата фаза, во четвртфиналето. И овојпат Рома ќе биде домаќин, а во останатите четвртфиналиња ќе играат Наполи – Лацио, Фиорентина – Интер и Милан со Торино.

- Оглас -

Најнови вести