Роналдо е „повреден“ за Јувентус, а во Португалија даде два гола за неполни 25 минути

Кристијано Роналдо како вистински капитен ја предводи Португалија на мечот против Литванија. По првото полувреме, Португалија води со 2:0, а стрелец на двата погодоци беше Роналдо.

Најдобриот играч на Португалија прво погоди од пенал во 7 минута, а веќе во 22-рата минута се израдува и на вториот погодок. Воопшто не е чудно Роналдо да даде два гола за неполни 25 минути, но збунувачки е како може да блеска во репрезентативниот дрес ако се знае дека тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, само пред неколку дена велеше дека Португалецот е повреден и затоа не може да одигра ни 60 минути за Старата дама.

Со двата погодоци, Роналдо стигна до 97 голови во репрезентативниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести