Роналдо го реши „Дерби Дела Моле“, Јувентус го победи Торино со 1:0

Кристијано Роналдо со гол од пенал се запиша во книгата посветена на големото торинско Дерби Дела Моле и му донесе победа на шампионот Јувентус од 1:0.

Како гостин „старата дама“ успеа да го надигра градскиот ривал и со голот на првиот стрелец во Серија А и да ги освои бодовите.

Роналдо дебитираше на локалното дерби што има долга традиција, а мечот мина во израмнета битка, па пеналот и прецизниот удар на Португалецот беа клучни за исходот.

Јувентус се зацврсти на првата позиција со 46 бодови, 11 повеќе од Наполи, екипа која има и меч помалку. Торино остана на шестата позиција со 22 бода на 16 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести