Роналдо го учи малиот Џеси Лингард како да дрибла (Видео)

Џеси Лингард го има статусот на англиски репрезентативец и еден од главните ѕвезди во Манчестер јунајтед. Тој е играч кој потекнува од школата на Манчестер јунајтед, каде што има работено уште како 10-годишно дете. Во 2003 година, Манчестер јунајтед го доведе 18-годишниот Кристијано Роналдо, а Португалецот им беше претставен и на децата од школата на Црвените ѓаволи.

Токму тогаш едно од децата кои со восхит ги гледаа дриблинзите на Роналдо, беше Лингард. Од времето кога Роналдо пристигна на „Олд Трафорд“, најзадоволен беше легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој имаше само пофални зборови за тогаш младиот Португалец.

„Брзина, инстиктивно движење, игра одлично со двете нозе, способност да игра перфектно на крилната позиција, но и во нападот. Не знаев кој е тој дечко сè додека првпат не заигра против нас. Само седев и со неверување го гледав како игра. Пресреќен сум што дојде во Манчестер јунајтед“, вели Фергусон за Роналдо од пред 17 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести