Роналдо и останатите странци се враќаат во Торино

Кристијано Роналдо и останатите странци од Јувентус во текот на наредната недела ќе треба да се вратат во Торино, а потоа 14 дена да останат во карантин, како што наложуваат препораките од владата во Италија. Вкупно деветмина играчи на Јувентус си заминаа од Торино за време на најголемото жариште со Коронавирусот, а сега полека треба да се подготвуваат за враќање назад.

Освен Роналдо, во карантин во Италија ќе бидат и Пјаниќ, Игуаин, Коста… и сите тие треба да поминат две недели во самоизолација за да се потврди дека го немаат опасниот вирус.

Во Јувентус дури тројца фудбалери беа заразени од Коронавирусот. Пауло Дибала ја помина болеста, а со вирусот уште се борат Блез Матуиди и Даниеле Ругани.

Постојат повеќе планови за тоа како може да продолжи првенството во Серија А, а еден од тие е сите мечеви да се играат во еден град.

 

- Оглас -

Најнови вести