Пирс Морган, познатиот британски новинар и ТВ-презентер, неодамна му направи ново интервју на Кристијано Роналдо, а Португалецот во тоа интервју призна дека Лионел Меси е најдобриот противник што некогаш го имал. Но, Роналдо за себе смета дека е најдобар во историјата.
„Го прашав кој е најдобриот против кого што играл. Веднаш ми рече Меси. Го прашав, Меси? Навистина? Бев изненаден. А, Кристијано ми рече: Дефинитивно тој е најдобриот мој противник. Тогаш ми рече: Пирс, ме прашуваш погрешно прашање. Прашај ме кој е најдобриот на сите времиња. Му реков дека го знам одговорот и почнавме да се смееме“, раскажува Морган за интервјуто што го правел во Торино.
„Тој мисли дека е најдобриот што некогаш играл фудбал. Се согласувам со него“, додава Морган во колумната за „Дејли мејл“.