Роналдо: Манчестер не направи ништо за да победи

Кристијано Роналдо му даде прекрасен гол на својот поранешен клуб Манчестер јунајтед, за водство на Јувентус со 1-0 во Торино. Според играта на теренот, делуваше дека тоа ќе биде доволно за италијанскиот првак да се радува, но така не мислеа гостите од Англија. Манчестер со два погодоци во последните четири минути направи целосен пресврт и на крајот се радуваше на триумф од 2-1 против Јувентус. Роналдо вели дека клучно било тоа што играчите на Јувентус се опуштиле.

„Лигата на шампионите е посебно натпреварување. Штом малку се опуштиш, сè е можно. Доминиравме во текот на сите 90 минути, создадовме многу шанси, имавме можност три-четири пати да ги докрајчиме. Потоа се опуштивме и бевме казнети. Манчестер не направи ништо за да победи. Но, не можеме да зборуваме ни за среќа, затоа што мора да ја пронајдете својата среќа за да ве награди“, рече Роналдo.

Португалецот додаде дека и покрај поразот, нема место за паника и дека Јувентус уште е во позиција сам да одлучува дали ќе ја задржи лидерската позиција во групата. Јувентус е прв со девет бода, Манчестер има 7, трета е Валенсија со 5, а последен е Јанг бојс само со еден освоен бод.

https://youtu.be/zGNypOpYqvg

 

- Оглас -

Најнови вести