Роналдо не се откажува од Златната копачка, ќе игра против Калјари

Кристијано Роналдо е во експедицијата на Јувентус што допатува на Сардинија за мечот вечерва против Калјари, но кај шампионот ќе нема дури седуммина фудбалери што се значајни и стандардни сезонава.

Португалецот не се откажува од трката за Златната копачка на Европа, иако со 31 гол во Серија А е во минус од три погодоци зад Чиро Имобиле од Лацио и Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

За Старата дама вечерва од 21.45 часот нема да играат Пауло Дибала, Џорџо Кјелини, Данило, Матајс де Лихт, Матија де Шилјо, Сами Кедира и Даглас Коста.

Маурицио Сари одлучи да им даде одмор пред многу важниот реванш-дуел против Лион во осминафиналето во Лигата на шампионите што ќе се игра во Торино на 7 август.

Место нив, во експедицијата има неколкумина млади фудбалери, кои се надеваат на шанса за настап во Калчото.

Мечот на „Сардења арената“ е ревијален и за двете екипи бидејќи Калјари обезбеди опстанок, а не може да игра во европските купови, додека Јувентус деветти пат по ред е шампион на Италија и веќе стигна до 36-тата ѕвездичка во Калчото.

 

- Оглас -

Најнови вести