Манчестер јунајтед завршува уште една сезона за заборав, која не само што е без освоен трофеј, туку и без пласман во Лигата на шампиони. Црвените ѓаволи се во пасност дури и да не играат во Лигата на Европа, доколку не слават на гости кај Кристал Палас.
Манчестер јунајтед моментно е на шестото место со 58 бодови, два повеќе од Вест хем кој е седмопласиран и е на позиција која носи пласман во Конференциската лига. Доколку Јунајтед одигра нерешено, а Чеканите победат против Брајтон, тимот од Лондон ќе биде на шестото место поради подобрата гол разлика.
Затоа, на Манчестер му е потребен триумф, но тоа ќе треба да го направи без Кристијано Роналдо. Португалецот е повреден и нема да игра во последното коло сезонава во Премиер лигата.