3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Роналдо откри што е најскапото нешто што го купил, не е ни куќа ни автомобил

Легендарниот португалски напаѓач на Ал-Наср од Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, во интервјуто со Пирс Морган откри што е најскапото нешто што некогаш го купил.

„Хмм… Најскапата работа што некогаш сум ја купил? Авион. Да, авион“, рече Роналдо.

Морган се заинтересиран каков авион е тоа.

„Го заменив пред една година. Значи, малку е скап. Имав авион 13 години, но го заменив со подобар. Но, како што реков, за мене тоа е прашање на удобност. Најважно за мене е што сакам да ја живеам следната фаза од мојот живот без да трошам многу. Веќе ги остварив моите соништа. Кога бев млад, ги сакав автомобилите и сè што е поврзано со возењето. Веќе немам страст за авиони, ги имам затоа што не сум обичен човек, кажав зошто ги купувам“, рече Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести