Роналдо плачеше, а потоа се појави Јамал и воодушеви со својата реакција (Видео)

Кристијано Роналдо ја заврши мундијалската приказна која траеше неверојатни 20 години. Цели шест Светски првенства Роналдо играше, но ниеднаш не успеа да стигне ниту до полуфиналето на планетарниот собир. Синоќа Португалија со 0:1 загуби од соседот Шпанија.

По мечот, Роналдо со солзи во очите се збогуваше од Мундијалите. Додека Португалецот немо и со солзи во очите стоеше на теренот, пред него се појави тинејџерот Ламин Јамал. Младата 19-годишна ѕвезда не само на шпанскиот туку и на светскиот фудбал не заборави да го поздрави и да му даде утеха на Роналдо за елиминацијата од Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести