Роналдо по победата над Гана ги одвел колегите од репрезентацијата на вечера, но тројца не се појавиле

Португалија со 3:2 славеше над Гана во првото коло на Светското првенство во Катар, а првиот гол беше дело на Кристијано Роналдо, кој со тоа постави нов рекорд.

Роналдо стана првиот фудбалер што постигнал барем еден гол на пет Светски првенства, и поради рекордот, но и поради победата, одлучи колегите од репрезентацијата да ги однесе на вечера во луксузниот ресторан „Тател де Доха“.

Иако соиграчите со задоволство ја прифатија понудата на Роналдо, имаше тројца кои не се појавија во луксузниот ресторан. Тоа се Жозе Са, Бернардо Силва и Жоао Кансело кои слободното време одлучија да го поминат со своите семејства.

Португалија во второто коло во рамки на групата Х, задутре ќе игра против Уругвај.

- Оглас -

Најнови вести