Роналдо точно пред 12 години го даде голот за кој ја доби наградата „Пушкаш“ (Видео)

Кристијано Роналдо во кариерата постигна многу фантастични погодоци, а еден од оние кои и официјално е во листата на најдобри, беше постигнат на 15 април 2009 година. Португалецот тогаш уште го носеше дресот на Манчестер јунајтед, а погодокот кој уште се памти, беше на мечот против Порто во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

На стадионот „Драгау“, Манчестер јунајтед мораше да тргне во напад затоа што првиот дуел на „Олд Трафорд“ заврши 2:2, па англискиот тим мораше да даде гол на гости. Роналдо реши да ја преземе одговорноста врз себе. Андерсон тргна во напад, додаде до Роналдо, а Португалецот шутираше од огромна далечина и погоди.

https://twitter.com/i/status/1382671514961592322

Овој погодок на Роналдо подоцна беше прогласен за најдобар во сезоната и ја доби наградата „Пушкаш“. Тому тој погодок беше и единствен на средбата во Порто, па Манчестер јунајтед се израдува на пласман во полуфиналето. Подоцна Манчестер играше и во финалето на ЛШ, но загуби од Барселона со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести