Роналдо против Хрватска ќе треба да сруши едно проклетство, јавно кажа од кого чека голема помош (Фото)

Дуелот меѓу Хрватска и Португалија кој ќе се игра во вечерва со почеток во 01 часот по полноќ ќе биде „шлагот“ на 16-финалните пресметки на СП 2026. Ова е Мундијал на кој прв пат се игра 16-финале, а Португалија и Хрватска се селекции кои атакуваат на висок пласман.

Кристијано Роналдо од едната страна и Лука Модриќ од другата ќе бидат капитените и предводниците на двете селекции. Во пресрет на мечот, Роналдо преку социјалните мрежи упати порака: „Направете да се чувствуваме како дома“, а постираше фотографија од навивачите на Португалија.

Едноставно Роналдо ги повика Португалците да дојдат во што е можно поголем број и да дадат поддршка да ја победат хрватска. На досегашниот дел од турнирот Роналдо постигна два гола и двата во убедливата победа од 5:0 против Узбекистан. На останатите два меча од групната фаза не погодуваше.

Против Хрватска, Роналдо ќе се обиде да сруши и една лоша традиција за него. На претходните пет Мундијали, Роналдо никогаш нема постигнато погодок на дуел од нокаут фаза.

- Оглас -

Најнови вести