Роналдо со порака до Меси: Доста седиш во Барселона, прифати предизвик и дојди во Италија

Кристијано Роналдо сезонава за првпат заигра во Серија А, но покажува дека за него тоа не е проблем и повторно блеска. Португалската ѕвезда досега даде 10 погодоци во дресот на Јувентус, а „старата дама“ го има најдобриот старт во историјата на Серија А. Од 15 одиграни дуели, гигантот од Торино има 14 победи и едно реми, па на табелата е со осум бода пред второпласираниот Наполи.

Во интервју за „Газета дело спорт“, Роналдо не пропушти шанса да му испрати порака на Лионел Меси од Барселона, со кој девет сезони беа големи ривали во шпанското првенство, додека Португалецот играше за Реал Мадрид. Запрашан дали му недостасува ривалството со Меси, Роналдо имаше подготвено одговор.

„Не. Јас сум играл во Англија, Шпанија, Италија и Португалија. Имам европска титула со репрезентацијата. Меси целата кариера не се помрдна од Барселона и Шпанија. Така што веројатно повеќе јас нему сум му потребен, отколку тој мене. Животот е предизвик, а јас сакам предизвици. Би сакал и Меси да го направи тоа што го направив јас, да го прифати предизвикот. Го канам да дојде во Италија да игра, но ако тој е среќен таму каде што е цел живот, тогаш јас го почитувам тоа. Меси е фантастичен играч и добро момче. Јас сум среќен со одлуките кои ги направив во мојот живот“, рече Роналдо, кој сега има цел да освои што е можно повеќе трофеи со Јувентус.

 

 

- Оглас -

Најнови вести