Роналдо уште во јануари побарал трансфер во Јувентус

Жорж Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо, истакна дека неговиот клиент уште на почетокот на 2018 година побарал да се реализира транферот во Јувентус. Мендеш вели дека преговорите траеле неколку месеци, а започнале уште пред четврт-финалето во ЛШ помеѓу Реал и Јуве.

„Роналдо изрази жела да се пресели во Јувентус уште во јануари. Прво мислев дека тоа е невозможно, но по првиот состанок со раководството на италијанскиот првак, почнав да верувам дека овој трансфер може да се реализира. Преговорите траеја неколку месеци, во Мадрид го остваривме првиот контакт со претседателот Ањели во пресрет на четврт-финалето од Лигата на шампионите“, истакна Мендеш.

Фудбалската јавност се изненади откако шпекулациите станаа вистинити, Роналдо изминатото лето во потрага по нов предизвик се пресели во Јувентус за 112 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести