Иако Кристијано Роналдо негираше дека сака да го напушти Јувентус, малкумина веруваат дека тоа е вистина. Релевантни извори тврдат дека тој сака до крајот на преодниот рок да ја промени клупската средина, но дури и неговиот супер агент Жорж Мендеш не успева да најде соодветен клуб.
Мендеш ги контактирал сите големи клубови во Европа и им го понудил Роналдо, но досега никој не му дал позитивен одговор. Единствен клуб што го сака Кристијано е Спортинг Лисабон, но Роналдо мисли дека уште може да игра на повисоко ниво од португалската лига и oпција му се само клубови од Топ 5 лигите.
Со доаѓањето на Меси, речиси сигурно пропадна варијантата Роналдо да премине во ПСЖ (останува мала шанса да заигра заедно со Меси и Нејмар ако си замине Мбапе). Опција е Тотенхем, но прашање е колку и тие се доволно добри за амбициите на Роналдо. Се чини дека ќе треба да остане во Јуве и оваа сезона, а следното лето како слободен играч да си бара клуб по своја мерка.