Не случајно Кристијано Роналдо е наречен „Мистер гол во ЛШ“. Португалецот, кој е рекордер по бројот на погодоци во елитното натпреварување, вечерва даде еден гол, но тоа беше погодок за победа на Манчестер јунајтед.
Роналдо погоди со глава за 3:2 против Аталанта и ерупција од радост на „Олд Трафорд“. Во целата таа радост, Роналдо едноставно заборави да го прослави голот во својот стандарден стил со скокање и вртење и популарното „Сиииииууу“.
Наместо „Сииииуууу“, Роналдо со лизгање на коленици се израдува покрај корнер-знаменцето.