Рори ја утна историјата со Шемрок, вели дека утре нема да промаши во Скопје во мечот на кариерата (Видео)

Рори Гафни беше асистент на еден гол во победата на Шемрок во Даблин против Шкупи со 3:1 и вели дека утре на реваншот во Скопје од 21 часот ќе го игра мечот на кариерата.

Напаѓачот на ирските детелинки пристигна во најпознатиот клуб во Република Ирска пред две години и за првпат во кариерата може да игра европско натпреварување во фаза по групи.

Ако Шемрок го елиминира Шкупи, ќе има загарантиран настап во Конференциската лига на УЕФА и патем ќе игра и во последната квалификацциска рунда за настап во Лигата на Европа.

https://twitter.com/ShamrockRovers/status/1556656549543698433?s=20&t=2LhBAUo3Fa3jqEdZ6B1k8g

Шемрок е првиот и единствен клуб во Република Ирска што играл во фаза по групи во Европа, а тоа се случи во 2011 година, но тогаш Гафни не беше член на 19-кратниот ирски првак туку играше за Лимерик.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести