Росауд: Ќе го вратам Нејмар во Барса, а стадионот ќе се вика „Камп ноу-Лео Меси“

Некогашниот потпретседател на Барселона и екссоработник на сега веќе поранешниот претседател Жосеп Марија Бартомеу, Емили Росауд и Парес (54), почна жестока кампања со најава за две „бомби“: враќање на Нејмар во Барса и додавање на Лионел Меси покрај „Камп ноу“ во името на легендарниот стадион.

Росауд ветува дека кога ќе заврши договорот на Нејмар со ПСЖ, ќе потпише договор со Бразилецот кој си замина од Барса во 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра. Освен тоа, ќе распише референдум на кој ќе се гласа дали стадионот треба да се прекрсти во „Камп ноу-Лео Меси“, и со тоа да му се даде благодарност на Меси за сето тоа што го прави на терен за клубот во изминатите 15-тина години.

Росауд најави и дека ќе го ангажира еден од најдобрите тренери на светот, а Меси ќе го задржува со името на стадионот.

„Иднината на Меси е во негови раце. Договорот му истекува во јуни и ние мора да се обидеме да го натераме да остане, но ќе мора и искрено да му ја претставиме финансиската состојба во која е клубот. Меси е жива легенда, мислам дека неговата врска со Барселона е нераскинлива“, изјави Росауд, кој одлуката да се кандидира ја донел по катастрофата 2-8 од Баерн и кога го видел разочарувањето на лицето на Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести