Роуз Боул ќе цвета со 90 илјади публика – Реал и Јувентус ќе го урнат рекордот во Ковид ерата

Реал Мадрид и Јувентус ќе играат пријателски меч во Пасадена, САД, за кој постои огромен интерес и се најавува и уривање на рекордот на стадионот „Роуз Боул“ ако се смета периодот од почетокот на Ковид 19 ерата.

Организаторите најавуваат дека на стадиоонот ќе има околу 90 илјади гледачи и интересот за двата европски гиганти е огромен.

Паркингот пред стадионот ќе биде отворен три часа пред стартот на натпреварот, кој е закажан за во 4 часот наутро по средноевропско време.

Роуз Боул има капацитет од 92.542 места, а рекордот во последните три години е посета од 87.842 луѓе на мечот меѓу Јута и Охајо стејт игран во јануари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести