Рублев е мајстор за сензации, но и за разочарувања

Андреј Рублев нанижа неколку брилијантни победи во август и стана тениски мајстор за сензации, но има и порази кои се разочарувачки.

Вечерва доживеа еден таков, и тоа убедлив, од Матео Беретини со 0:3 во сетови во четвртото коло на Отвореното првенство на САД.

Италијанскиот тенисер беше убедлив, го почна мечот со 6:1 во првиот сет, а потоа релативно лесно поведе и со 2:0 добивајќи го вториот сет со 6:4.

Во финишот на третиот сет се случуваше вистинска драма, а со брејк, Беретини поведе со 6:5 и сервираше за меч. Рублев се подразбуди, врати со брејк, па одлучуваше тајбрејкот. И таму се случуваа интересни пресврти, а италијанскиот тенисер беше посмирен, победи со 8:6 во поени и славеше заслужено со 3:0 во сетови.

Минатиот месец Рублев нанижа победи против Федерер, Вавринка, Квери, Циципас, Кирјос, а ги има победувано и Цонга и Чилиќ.

Беретини во четврт-финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Монфис и Андухар, кој ќе почне точно на полноќ.

- Оглас -

Најнови вести