Рудигер калкулира со нов договор со Челзи, има три моќни причини

Антонио Рудигер до ланската сезона беше во втор план во Челзи, но германскиот репрезентативец беше упорен, се избори за место во првата постава на еврпскиот првак и сега не брза со продолжување на договорот.

Улогите се сменија за кус период и сега на Челзи му се брза да го продолжи договорот со одличниот дефанзивец, кој игра одлично, но на Рудигер не му се брза и има три моќни причини за тоа.

За него се интересираат најмалку три големи клуба, а се најавува дека како засилување го сакаат и Реал Мадрид и Баерн и Пари Сен Жермен.

Рудигер дојде во Челзи во 2017 година од Рома за сума од околу 32 милиони евра и тогаш потпиша петгодишен договор со сега актуелнуиот европски првак.

Досега има одиграно 109 натпревари за Челзи, убедливо најмногу од сите три клуба, Штутгарт, Рома и Челзи, за коишто играше во кариерата.

За Германија настапи на 48 меча и сигурно ќа је мине и педесетката бидејќи Германците се пласираа на Мундијалот во Катар, а Рудигер, кој е стандарден во првата постава на четирикратниот светски првак, има уште два меча и во актуелните квалификации во Ј групата, во која е и Македонија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести