Рудигер сакаше да се тепа со гостите од Барнли (Видео)

По завршувањето на средбата Челзи – Барнли, гостите се радуваа по ремито од 2-2 бидејќи тоа за нив значеше опстанок, а „сините“ од Лондон беа лути, па дел од присутните на теренот се скараа крај аут-линијата. Највоинствен од клупата на Челзи беше Антонио Рудигер. Дефанзивецот кој не настапи поради повреда на коленото, влезе во жесток клинч со членови на стручниот штаб и играчи на Барнли, а потоа инцидентот се префрли во тунелот на „Стемфорд бриџ”.

Челзи имаше 22 шута кон голот, изведе 10 корнери, имаше 76 отсто посед на топката, но мораше да се помири со фактот дека освои само еден бод. Првите „искри“ беа помеѓу Давид Луиз и Барнс во судиското продолжение, а тензиите продолжија и подоцна, со Рудигер како главен актер.

 

https://twitter.com/i/status/1120434302666334208

- Оглас -

Најнови вести