Руни против Ибрахимовиќ, Вашингтон ќе ужива во дербито на две легенди

Филаделфија унион – Хјустон динамо (МЛС, 00 часот)

Филаделфија го брани првото место во Источната конференција во МЛС лигата, позиција што носи комоција во плејофот и старт од четвртфиналето.

Хјустон сосема спротивно, се наоѓа надвор од плејоф зоната, заостанува шест бода зад конкурентите на Западот и мора да атакува на победа. Во минатото коло беа пред изненадување против Њујорк сити, до финишот со играч помалку имаа предност од 2:1, но загубија со 2:3.

Ќе играат без Ромел Киото, кој беше исклучен, па товарот ќе падне на ефикасното дуо Манотас – Елис, кои заедно постигнаа 16 гола сезонава и имаат 12 асистенции комбинирано. Интересно е што познатиот НБА ас, Џејмс Харден има мал дел акции во клубот.

Кај домаќините голем потстрек е враќањето на Џамиро Монтеиро, кој беше повреден, а е еден од клучните играчи на Филаделфија. Во топ-форма се Марко Фабијан и капитенот Алехандро Бедоја, кој беше играч на колото минатиот викенд. Расположен за игра е и Полјакот Каспер Пржибилко, кој е прв стрелец на лидерот со 10 гола.

Филаделфија има подобар тим, моментно е во подобра форма и нема пораз на домашен терен од Хјустон од 2013 година, па ќе типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Ел Насионал – Емелек (Еквадор, 00 часот)

Ел Насионал има многу интересна историја, слична на таа на Атлетик Билбао. Кај популарните „Пјур криолос“ или „Само домашни“ играат исклучиво само играчи од Еквадор. Клубот е формиран од еквадорската полиција и се уште има правило да не се ангажираат странски фудбалери. Имаат 13 титули, само две помалку од рекордерот Барселона од Гвајакил и една зад следниот ривал Емелек.

Ел Насионал ги игра натпреварите како домаќин во Кито, а посебен штимунг имаат дуелите со екипите од Гвајакил. Токму такво дерби ќе се игра ноќеска, а дербито на 21. коло во Еквадор има и дополнително значење. Двете екипи грчевито се борат за пробив во октетот најдобри кои ќе играат плејоф за титулата.

Моментно имаат ист број на бодови, а Ел Насионал е осми поради подобра гол-разлика. Емелек има серија од пет меча без пораз во дуелите со Ел Насионал, но ќе допатува во Кито со рана што тешко се преболува по елиминацијата од Фламенго во Копа Либертадорес. Имаа предност од 2:0 по првиот меч со бразилскиот гигант, но загубија во реваншот со ист резултат и потоа испаднаа на пенали.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.55)

 

Д.Ц Јунајтед – Лос Анџелес галакси (МЛС, 01.30 часот)

Двете екипи се во лоша форма и ќе се обидат со победа да се извадат за високите порази во последните мечеви. Јунајтед загуби дома од Филаделфија со 1:5, не се знае статусот на Вејн Руни и дали тој ќе игра ноќеска, откако ја прифати понудата на Дерби Каунти, да им биде играч и помошник тренер. Отсутен кај домаќините ќе биде и репрезентативецот на Венецуела, Жуниор Морено, кој има црвен картон и мора да паузира.

Фокусот требаше да биде на дуелот на некогашните играчи на Манчестер јунајтед, Руни и Ибрахимовиќ. Златан сигурно ќе игра откако во претходното коло паузираше поради жолти картони. Ноќеска ќе го предводи нападот на гостите, кои не постигнаа гол на последните два меча.

Кај Галакси се очекува деби настап на Кристијан Павон. Репрезентативецот на Аргентина го засили тимот од Лос Анџелес, а пристигна од редовите на Бока јуниорс како позајмен играч. И двете екипи се во зоната што гарантира настап во плејофот, но не се сигурни, па ќе мора да се игра на победа.

Предлог тип: ГГ прво полувреме (3.60)

 

Сантош Лагуна – Пуебла (Мексико, 01.45 часот)

Пуебла има многу поголем рејтинг во мексиканскиот фудбал, но во последно време е во криза. Едвај се спасија од испаѓање, а и Апертура ја почнаа скромно со пораз и реми, за разлика од Сантош Лагуна.

Популарните Воини го почнаа новиот шампионат во Мексико со три победи, со максимален учинок и со само еден примен гол.

Иако според традицијата се зад Пуебла, ноќеска тие се фаворити за победа. На стартот од сезоната блеска Уругваецот Брајан Лозано, кој постигна половина од вкупниот број на головите на Сантош, а има и две асистенции. И дупло повеќе постигнати погодоци од целиот тим на Пуебла.

Сантош е популарен клуб во Лагуна регионот во Мексико, ги нарекуваат и Лејкерс, па очекуваме да одиграат во стил на прекарот и да ја победат скромната екипа на Пуебла.

Како фил на „кецот“ е податокот дека Пуебла никогаш не победила на „Корона“ во Торехон во меѓусебните дуели со Сантош.

Предлог тип: 1 (1.57)

 

Лос Анџелес ФЦ – Њујорк ред булс (МЛС, 04 часот)

Вториот тим од Лос Анџелес е во страшна форма и има пет победи на последните шест меча во МЛС лигата.

Карлос Вела блеска и е прв стрелец со 22 гола, а одличен е и Диего Роси, кој е четврти стрелец во Лигата со 13 погодоци. Со нив како предводници на офанзивниот дел од тимот, Лос Анџелес е најефикасниот состав со дури 61 гол, 15 повеќе од Филаделфија, како втор најефикасен тим.

Њујорк ред Булс има добра позиција, се наоѓа на четвртото место на Истокот има шанса да бие битка и за врвот, бидејќи заостанува само за пет бода зад лидерот Филаделфија. Рохер промаши пенал во минатото коло и пропушти можност да се пробие во топ-10 листата со најдобри стрелци во МЛС. Тој ќе биде најопасен за голот на домаќините, кои се големи фаворит против Њујорк.

Лос Анџелес е тазе формиран тим и има само еден дуел досега со Булс, лани во август кога загубија со 1:2 на гостински терен. Двете екипи се исклучително ефикасни, имаат одлични напаѓачи и се очекува да има доста голови на „Бенк оф Калифорнија“ стадионот во Ел-Еј.

Предлог тип: ГГ прво полувреме (3.30)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести