Рутински триумф и пласман во финалето за Надал во неговиот јубилеен 500-ти меч на земја

Рафаел Надал рутински славеше по два сета со 6-4 6-4 против Рејли Опелка и се пласира во финалето на АТП Мастерс турнирот во Рим, на кој што владее со рекордни девет титули. Во своето 12-тото финале, Рафа ќе го чека подобриот од Ѓоковиќ – Сонего, а денес го играше јубилејниот 500-ти меч на земјена подлога, со учинок од 458 победи и 42 порази.

Опелка даваше отпор во воведниот дел од првиот сет, но по моментот кога Надал го оствари првиот брејк, беше најава за водство во корист на вториот носител на турнирот. Еден брејк го реши и вториот сет со кој Надал поведе со 2-1 во гемови и до крајот на свој сервис ја дочека победата.

- Оглас -

Најнови вести