САД и Русија договорија размена: Американската кошаркарка пуштена од затвор во замена за трговец со оружје

Една од најдобрите кошаркарки на светот, Американката Бритни Грајнер е ослободена од руски затвор и веќе се наоѓа на пат за САД.

Грајнер која со репрезентацијата на САД два пати триумфираше на Олимписките игри, е ослободена од руски затвор откако Вашингтон се согласи во замена за кошаркарката да го ослободи рускиот трговец со оружје, Виктор Бут. Размената на затворениците била извршена на неутрална територија, во Обединетите Арапски Емирати.

Грајнер на 17 февруари беше уапсена на московскиот аеродром „Шереметјево“ откако во багажот и беше пронајдено масло од канабис кое во Русија е забрането, но во САД е легално за користење.

Таа се правдаше дека не знаела дека маслото за канабис кое го користела како лек, е забрането во Русија, но рускиот суд немаше милост за неа и ја осуди на деветгодишна затворска казна.

Грајнер казната ја отслужуваше во руската казнена колонија Мордовија која е оддалечена 350 километри од Москва.

Таа не се задржа долго во рускиот затвор бидејќи Вашингтон и Москва, изминатите месеци преговараа за размена на затвореници и конечно се договорија, Русија да ја ослободи Грајнер во замена за Виктор Бут кој е уапсен во САД поради трговија со оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести