Не би било лошо – Интересна симулација ни одреди група, ќе играме против Холандија, Велс, Унгарија, Казахстан и Гибралтар за пласман на СП

Македонија ја очекува ждрепката за Светското првенство во Катар што ќе се оддржи на 7 декември во Нион, а со интересна симулација одредени се групите во квалификациите за Мундијалот што ќе се игра за две години.

Шемата е направена на интересен начин, ја направи „We Global Football“, а Македонија би играла во Ј групата со Холандија, Велс, Унгарија, Казахстан и Гибралтар.

Против Холанѓаните ќе играме на Европското првенство идната година, на нивен терен во Амстердам во последниот меч од нашата група, што ќе биде и последен во фазата по групи во историската авантура на Македонија на ЕП.

Холанѓаните се атрактивна селекција и дуел со нив во Скопје во квалификации за Мундијал би бил вистински спектакл.

Велс е исто така атрактивна селекција предводена од Герет Бејл, но не е и непобедлива. Унгарците рапидно напредуваат, но и со нив можеме да се натпреваруваме, а би биле фаворити против Казахстан и Гибралтар.

Сепак, ова е само интересна симулација, се чека среда и завршување на фазата по групи во вториот циклус на Лигата на нациите за да биде познат конечниот изглед на сите шешири при ждрепката на 7 декември во Нион.

 

 

- Оглас -

Најнови вести