Салах доби уште едно големо признание

Мохамед Салах и Ливерпул не успеаjа да се израдуваат на титулата во Лигата на шампионите откако загубија во финалето од Реал Мадрид. Црвените од „Енфилд роуд“ останаа втори и во Премиер лигата, па двата трофеи во ФА купот и Лига купот се утеха за нивната одлична сезона.

Еден од најзаслужните за успесите на Ливерпул секако е Салах. Доказ за одличната сезона на египетскиот репрезентативец се индивидуалните награди кои ги доби. Салах беше најдобар стрелец во Премиер лигата, а исто така и најдобар плејмејкер откако имаше дури 13 асистенции за погодок во англиското првенство.

По тие награди, Салах доби признание за најдобар фудбалер во Англија во гласањето на Асоцијацијата на новинари во Англија, но и во гласање на навивачите, па единствена награда која не ја освои египетскиот репреентативец е таа за Играч на сезоната што му припадна на Кевин де Бројне.

 

- Оглас -

Најнови вести