Салах е виртуоз, воведе и „слалом“ во фудбалот (Видео)

Ливерпул убедливо и без многу проблеми го победи Борнмут со 4:0 на гостински терен. Со овој триумф, екипата предводена од Јирген Клоп само потврди дека сезонава ќе се бори за титулата во Премиер лигата.

Мохамед Салах блескаше на попладневниот дуел кај Борнмут, постигнувајќи три погодоци. Посебно неверојатен беше погодокот во 77 минута, кога ги постави конечните 4:0. Салах се најде сам пред голманот Асмир Беговиќ и успеа да го посрамоти. Беговиќ два пати паѓаше на тревата во обид да одбрани, а Салах елегантно само го заобиколуваше и на крајот ја затресе мрежата.

https://dai.ly/x6ym5d7

- Оглас -

Најнови вести