Салата е полна: „Вулканот“ во „Борис Трајковски“ е подготвен за ерупција (Фото)

За само 15 минути ќе започне мечот меѓу Македонија и Чешка, во баражот за пласман на Светското ракометно првенство. Дуелот се игра во „Борис Трајковски“, а трибините во салата се полни.

Македонија ќе има поддршка од неколку илјади навивачи кои очекуваат нов пласман на нашите ракометари на Мундијал. Ова ќе биде и последен репрезентативен меч на Кирил Лазаров и сигурно сите очекуваат да биде крунисан со победа и пласман на Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести