Салва Еид Насер потсети на легендарните Кох и Кратохвилова

Салва Еид Насер со неверојатно брза трка на 400 метри во Доха го освои златниот медал, а резултатот од 48 секунди и 14 стотинки е трет најдобар резултат на сите времиња, зад Марита Кох и Јармила Кратохвилова.

Насер е родена Нигеријка, но трча за репрезентацијата на Бахреин, земја која благодарение на извонредната 21-годишна девојка освои ново злато во атлетика.

Зад Насер, како сребрена трката ја заврши Шон Милер-Уибо од Бахамите со време 48.37, а бронзата ѝ припадна на Шерика Џексон од Јамајка со резултат 49.47. Американките Џонатас и Френсис не успеаја да освојат медал и завршија на четвртото и петтото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести