Само еден тим од Топ-5 лигите може до 100 гола и има противници по мерка

Баерн Минхен е единатвената екипа од Топ-5 лигите во Европа што реално може да ја стаса магичната граница од 100 гола во домашно првенство и има противници по мерка, за да притреди подвиг.

Досега баварската фудбалска машинарија постигна 92 погодоци, а во последните две кола ќе игра против Фрајбург и со локалниот ривал Аугсбург.

Можеби и клучниот меч за да се стаса до магичната стотка е денешниот против Фрајбург на „Шварцвалд“ арена. Баерн веќе ја освои 31 шампионска круна во Германија, деветта по ред и може да игра без императив, напаѓачки, во обид да слави убедлива победа против ривал на кого во последните неколку години му даваше по 4-5 гола на неколку натпревари.

Фрајбург може со сензација и победа против Баерн да остане во трката за европски настап идната сезона, па овој дуел има одличлна најава за спектакл и голеада.

Во последното коло Баерн ќе игра на домашен терен против Аугсбург, што е уште една шанса и последна сезонава во Бундеслигата со напаѓачка игра да се обиде да стаса до 100 гола во иста сезона во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести