Само една репрезентација ќе игра дома во осминафиналето

Репрезентацијата на Англија е единствена која ќе ја има привилегијата и четвртиот натпревар на ова Европско првенство да го игра на домашен терен, пред својата публика на „Вембли“. Во првата фаза повеќе селекции играа на свој терен, некои од нив го искористија, некои не.

Италија и Холандија со максимални 9 бода отидоа во следната фаза, но сега во осминафиналето првпат ќе играат надвор. Италијанците со Австрија играат во Лондон, а Холандија против Чешка во Будимпешта. Данците во Амстердам ќе се судрат со Велс, Белгија и Португалија ќе играат во Севилја.

Англија во својот Лондон игра дерби против Германија, а за Германците тоа ќе биде прв меч надвор од Минхен. Англија само во евентуалното четвртфинале не би играла во Лондон. Ако ја победи Германија, четвртфиналето со Украина или Шведска би го играла во Рим.

Франција и Швајцарија ќе се борат во Букурешт, Хрватска и Шпанија во Копенхаген, а Шведска и Украина во Глазгов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести