Само на Балканот: Хрватски клуб може да се купи преку онлајн продавница

Во денешно време речиси сè може да се купи со само неколку кликови на „глувчето“. Од наједноставно парче облека до специјално издание на автомобил може да се најде на онлајн продавниците ширум светот, кои се достапни за сите корисници.

На Балканот, поточно во Хрватска, онлајн шопингот се издигна на ново ниво. На страницата „Њушкалу“ се продава фудбалскиот третолигаш ХНК Цибалија, односно поголемиот дел од акциите на овој клуб. За 52 отсто од акциите цената е 874 евра, или 6,5 милиони куни.

Градската управа на ваков начин се обидува да најде нов сопственик на клубот, а воедно да се подмират долговите од 13,5 милиони куни.

- Оглас -

Најнови вести