Само тој го можеше тоа – во една сезона даде 38 гола од 38 шута (Видео)

Повозрасните љубители на фудбалот добро го паметат Уго Санчес, мексиканскиот голгетер на Реал Мадрид, кој беше крал во 16-никот и познат по прославата на головите со правење салто. Атрактивниот Санчес даваше голови на сите можни начини, а пред 30 сезони даде 38 гола, и тоа од 38 шута кон противничките голови.

Рекордот од 38 гола во една сезона подоцна му го урнаа Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но Санчес овие 38 гола ги даде без да утне, сите шутеви кои ги упати од пенал, слободен удар, со лева и десна нога, со глава и тоа го прави неговиот подвиг невиден. По него, никој не успеал да направи такво нешто, а веројатно нема ни да направи.

Санчес за Реал играше од 1985 до 1992 година (од 1981 до 1985 беше во Атлетико Мадрид) и на 207 меча даде 164 гола. Беше дел од составот кој пет години по ред ја освојуваше титулата во Шпанија. Тој и понатаму е единствен во историјата на Ла Лига кој четири сезони по ред бил прв стрелец.

Погледнете како изгледа кога секој ваш шут во сезоната е погодок:

- Оглас -

Најнови вести