Само Тони и Тони го имаат освоено Суперкупот две години по ред со различни екипи

Антонио Рудигер уште на првиот свој официјален натпревар во дресот на Реал Мадрид, го освои првиот трофеј, оној од европскиот Суперкуп, и со тоа е единствен поединец кој ја одбрани оваа титула од лани.

Минатата година Рудигер со Челзи го освои Суперкупот на УЕФА, а тоа го повтори и сега со Реал Мадрид. Германскиот дефанзивец е само вториот фудбалер во историјата кој го освоил Суперкупот две години по ред со два различни тима.

Пред Рудигер, кому прекар му е Тони, тоа му имаше успеано само на неговиот имењак, сонародник и нов клупски колега, Тони Крос. Крос го освојуваше Суперкупот во 2013 со Баерн и во 2014 година со Реал.

- Оглас -

Најнови вести