Сампдорија ја сопна Специја, битката за опстанок во Серија А станува се пожестока (Видео)

Екипата на Сампдорија која веќе со една нога е испадната во Серија Б успеа да и скине два значајни поени на екипата на Специја во борбата за опстанок.

Домашните дојдоја во водство во 23-тата минута преку Бруно Амион.

Конечните 1-1 беа дело на Даниеле Верде во 59-тата минута.

После 31-то коло на италијанската Серија А, Сампдорија останува на последното место со само 17 поени. Специја е на 17-тата позиција, прва над опасната зона, со само еден поен предност пред Верона.

- Оглас -

Најнови вести