Сан Антонио едноставно не смее трет пат да згреши на свој терен во финалето против Њујорк

Сан Антонио спарс и Њујорк никс ја продолжуваат битката за тоа кој ќе биде нов НБА шампион. Вечерва од 2:30 часот по полноќ, а Сан Антонио ќе биде домаќин во меч на кој ќе мора да победи, ако сака да продолжи неизвесноста во финалето.

Њујорк води со 3:1 во победи и на Никси им фали само уште една победа за да стигнат до трофејот. Интересно е дека Њујорк победи на првите две пресметки во финалето на теренот на Сан Антонио и сега има прва меч топка за шампионско славје.

Сепак, сигурно дека Сан Антонио нема лесно да се предаде и Спарси нема да сакаат на нивни терен да дозволат противникот да се радува. Њујорк покажа и психолошка сила, па две од трите победи во финалето ги има само со еден поен предност. Интересно е дека два пати Њујорк даде по 105 поени, а еднаш постигна 107 и тоа им беше доволно за радост на крајот.

За дуелот кој ќе се игра ноќеска има и 13 кошаркари на кои може да се обложите за плус-минус поени. Границата за првата ѕвезда на Сан Антонио Виктор Ванмањана е на 28,5 поени, а првата опција во нападот на Њујорк, Џелен Брунсен е на 27,5 поени граница.

- Оглас -

Најнови вести