Сан Антонио спарс не дозволи „метла“ во големото НБА финале, и со победата од 115-111 во Њујорк над Никс, намали на 1-2, враќајќи ја неизвесноста околу освојувачот на шампионскиот прстен.
Ова значи дека во НБА финалето ќе има барем уште еден меч во Сан Антонио. На Никс им заврши серијата од 13 победи по ред. Њујорк во втората четвртина даде дури 42 поени и водеше на полувреме, но во цело второ полувреме дадоа 47 и на крај се радуваа Мамузите предводени од Виктор Вембањама кој уфрли 32 поени и Деарон Фокс со клучен кош за 113-108 на 12,2 секунди до крајот.

Џејлен Брансон со 32 поени беше прв стрелец кај Њујорк кој го претрпе првиот пораз од средината на април наваму.
На трибините во „МСГ“ се појави и претседателот Доналд Трамп, кој пред мечот беше исвиркан од публиката, иако е роден во Њујорк и стана прв актуелен претседател на САД кој дошол во живо да гледа НБА финале. Не го гледаше натпреварот до крај, си замина на почетокот на второто полувреме.

