Сан Антонио со кош во последната секунда се спаси од првата „метла“ во тексашкото дерби (Видео)

Сан Антонио го победи Далас со 119:117 во најинтересниот меч одигран ноќеска во НБА-лигата. Демар Дерозен беше херојот на Спарси откако погоди шут за победа на 0,5 секунди до крајот. Дерозен беше и прв стрелец на мечот со 33 поени, додека Порзингис даде 31 поен. Првата ѕвезда на Далас, Лука Дончиќ, постигна 29 поени.

За Сан Антонио ова беше прва победа против Далас по пет порази во низа, но што е уште поважно, успеаја да ја избегнат првата „метла“ во историјата, односно малку фалеше да се случеше да немаат ниту една победа против локалниот ривал во една сезона.

Во останатите мечеви одиграни ноќеска во НБА: Шарлот – Атланта 101:105, Денвер – Бостон 87:105, Кливленд – Њу Орлеанс 109:116, Орландо – Милвоки 87:124, Њујорк – Торонто 102:96, Мемфис – Индијана 125:132, Минесота – Чикаго 121:117, ЛА клиперс – Детроит 131:124, Портланд – Мајами 98:107.

 

 

- Оглас -

Најнови вести