Санитарот кој носеше носилка, се повреди трчајќи кон повредениот фудбалер (Видео)

На фудбалски натпревар од куп во Уругвај се случи една интересна и необична ситуација. Еден играч лежеше на теренот и чекаше лекарска помош, а еден член на медицинскиот персонал додека со носилката трчаше кон него, ја повреди ногата на нерамниот терен и мораше да се тргне настрана и самиот себеси да си помага.

Според уругвајските медиуми, откако фудбалерот добил помош, санитарот бил изнесен со истата носилка. Коментаторот кој вршеше пренос се шегуваше и рече дека овој терен на којшто се играло е вистински убиец.

- Оглас -

Најнови вести