Сао Пауло влезе во ритам, Шапекоенсе нема шанси на „Морумби“

Сао Пауло – Шапекоенсе (Бразил Серија А, 01 часот)

Еден од најтрофејните бразилски клубови има многу проблеми со повредите, што го доведе до позиција во долниот дел на табелата, па победата против Шапекоенсе е императив.

Сега ситуацијата со фондот на играчи кои му се на располагање на тренерот Алекси Стивал е многу подобар, голем дел од повредените играчи се вратија во редовите и време е шесткратниот бразилски првак да почне да победува. Домаќините имаат само 3 победи на последните 15  мечеви во сите натпреварувања.

Приказната на Шапекоенсе е позната и е една од најтрагичните во светот на фудбалот. Клубот сè уште минува низ период на обновување на фудбалските темели откако во 2016 година во авионска несреќа погина речиси целиот тим.

По 10 одиграни натпревари во најсилната фудбалска лига на Бразил, Шапекоенсе е во зоната на испаѓање со 8 бодови и само две победи. Влезе во лоша серија од 4 меча без победа и тешко дека таа ќе биде прекината на „Морумби“ во Сао Пауло.

Предлог тип: 1 (1.45)

 

Спорт Ресифе – Бразил де Пелотас (Бразил Серија Б, 01 часот)

Спорт Ресифе има многу солиден рејтинг во Бразил, еднаш беше и државен шампион, а неверојатни 46 пати беше и првак на Пернамбукано шампионатот.

Имаат амбиции да се вратат во највисок ранг на натпревари, а во моментов се и во одличен тренд од пет меча без пораз.

Бразил де Пелотас е единствената екипа по 10 кола во Серија Б што нема ниту едно реми и со 4 победи и шест порази е на 12-тото место со 12 бодови. Играат солидно на гости, но Спорт Ресифе е непоразен на свој терен на стартот од шампионатот и е фаворит за да ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Пајсанду – Волта Редонда (Бразил Серија Ц, 01 часот)

Пајсанду е екипата со најмалку примени голови во Серија Ц, а одбраната им е цврста и непоробојна во досегашните 12 меча. Прими само 6 гола, убедливо најмалку во конкуренција на 10 екипи.

Сега ќе им гостува втората најефикасна екипа во Лигата, Волта Редонда. Популарната Челична дружина, како што е прекарот на Волта Редонда, игра ефикасно и ќе биде доста незгодна за домаќинот.

Пајсанду е клуб со многу поголема традиција од Волта Редонда и иако е моментно послабопласирана екипа, ја има улогата на фаворит.

Предлог тип: 1Х&0-2 гола (1.66)

 

Спортиво Лукено – Сан Лоренцо (Парагвај, 01 часот)

Двете екипи имаа идентичен старт на шампионатот и забележаа порази од 0:1 во првото коло. Во првиот дел од шампионатот во Апертура, Лукено беше подобропласиран од ривалот со позитивен скор од 8 победи и 7 порази. И го доби последниот меѓусебен дуел како гостин со 3:0, но со ист резултат Сан Лоренцо победи на претходниот меч како гостин.

Спортиво Лукено ќе мора да игра без најдобриот клупски стрелец Ернан Риверо, кој замина во Мексико, а главен адут на Сан Лоренцо ќе биде Уругваецот Себастиен Фернандес, топ-голгетер на тимот со 8 гола во Апертура.

Предлог тип: Х2&2-5 гола (2.22)

 

Ла Еквидад – Индепендиенте Меделин (Колумбија, 03 часот)

Четири од последните пет меѓусебни дуели на овие две екипи завршија нерешено, а често ремизираа и во минатото.

Ниту Ла Еквидад, ниту Индепендиенте не се истакнаа во Апертура, првиот дел од шампионатот на Колумбија го завршија на деветтото, односно 16-тото место.

Сега ќе се обидат да се поправат со подобри игри, а многу подобро стартуваше екипата на Индепендиенте, со триумф од 3:0 против Патриотас.

Ла Еквидад ќе се обиде да го заборави поразот од 2:3 со Хулија, а нема подобро за екипа од Богота да се победи ривал од Меделин.

Предлог тип: 3+ (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести